На некогашната голема француска надеж му се заканува ампутација на раката

Јасин Бензија во минатото беше голема надеж на францускиот фудбал, играше за Триколорите во сите младински категории, а иако е роден во Франција, сега е репрезентативец на Алжир, можеби ќе остане без рака.

Претседателот на клубот Дижон, Оливие Делкур, изјави дека 25-годишниот Бензија е опериран и засега нема никакви прогнози дали тешко повредената рака ќе му биде спасена или ќе мора да се ампутира. Бензија беше повреден во една сообраќајна несреќа во близина на Дижон и сега е на морфиумска терапија.

Бензија во Франција дојде во јануари од Олимпијакос, каде што играше како позајмен од Лил. Бил член и на Фенербахче и на Лион, а за сениорскиот национален тим на Алжир има четири настапи.

- Оглас -

Најнови вести