На несериозниот Камерун му ја одзедоа организацијата на африканското првенство

Камерун нема да биде организатор на Африканскиот куп на нации во 2019 година како што беше планирано. Вака е одлучено на маратонскиот 10-часовен состанок на Африканската фудбалска конференција во Акра (Гана), а причина е што многу се доцни со подготовките за настанот и изградбата на стадионите.

Не било можно одложување поради договорите со спонзорите, па морала да се донесе оваа драстична одлука, па Камерунците останаа без планираното домаќинство и ќе може да се кандидираат за некое од наредните изданија на првенството на црниот континент.

Проблем во Камерун е и безбедноста, поради ескалацијата на насилствата во југо-западниот и северо-западниот дел на земјата. После двете инспекции кои беа извршени во октомври, на Камерун не му беше дадено зелено светло.

Сега е отворен нов конкурс за домаќин на првенството кое треба да се игра од 15 јуни до 13 јули следната година и ќе биде прво со 24 учесници. Рокот на пријавување е крајот на декември 2018, а најголеми шанси му се даваат на Мароко, додека од позадина шанса чекаат Јужна Африка и Египет.

- Оглас -

Најнови вести