На “Олд Трафорд“ се подготвува чистка, двајца фудбалери се пред трансфер во Саудиска Арабија

Раководството на Манчестер јунајтед воопшто не е задоволно од постигнатите резултати оваа сезона, па подготвуваат комплетна реконструкција на екипата оваа зима. Први кои би требало да си заминат се Касемиро и Рафаел Варан, за кои според шпекулациите, постои голем интерес од Саудиска Арабија.

Двајцата се веќе над 30 години и тешко дека во иднина ќе ја подобрат својата форма, па раководството тука ја гледа шансата за продажба во Саудиска Арабија и добра заработка. Официјална понуда за нив се уште нема, но во Манчестер јунајтед ја очекуваат и доколку таа ги задоволи нивните апетити, со сигурност ќе ја прифатат.

Во моментов не се открива за која екипа би играле, но со сигурност се работи за екипи од големата четворка на Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести