На Паредес му е сеедно дали ќе игра за ПСЖ, или Јувентус – Аргентинецот има само еден услов и тој важи до ноември

Јувентус треба да плати 20 милиони евра отштета ако сака да го ангажира Леандро Паредес од Пари Сен Жермен.

Старата дама сака да го ангажира играчот што има искуство со настапи во Серија А, бидејќи играше за Киево, Рома и Емполи, а од 2019 година е член на ПСЖ.

Паредес има само еден услов и ако му се исполни вели дека му е сеедно каде ќе игра во новата сезона.

Паредес сака да има загарантирано место во стартната постава на ПСЖ, или Јувентус и тоа е услов што мора да се исполни барем до ноември, односно до стартот на Светското првенство во Катар.

Играчот за врска е репрезентативец на Аргентина и не сака да си го загрози статусот со евентуално седење на клупа во Париз, или во Торино.

Паредес и е познат и на македонската фудбалска јавност како член на Зенит Санкт Петербург.

Во 2017 година дојде од Рома за сума од над 26 милиони евра во рускиот клуб и беше најскапото засилување во историјата на Зенит, а играше и против Вардар во фазата по групи во Европа Лигата.

 

- Оглас -

Најнови вести