На патеката „Сузука“ 11 пати се прогласувал шампион во Формула 1, ќе биде ли Ферстапен 12-тиот?

Холандскиот пилот Макс Ферстапен в недела ја има втората шанса да си ја обезбеди втората шампионска титула во Формула 1.

Макс, кој вози за Ред Бул, не блескаше на денешните слободни тренинзи кои се возеа на влажна патека, но можеби утре на официјалните квалификации и на неделната трка ќе го покаже своето вистинско лице.

Ферстапен победи на 11 од 17-те трки во 2022 година, а ако победи и в недела на патеката „Сузука“ во Јапонија, може да стане 12-тиот во последните 35 години кој титулата во Ф1 си ја обезбедил токму на оваа патека на која немаше трки во претходните две години.

Но, последен пат титула на „Сузука“ се славела во 2011 година, кога Себастијан Фетел како возач на Ред Бул вторпат стана првак. И сега Ферстапен со Ред Бул оди по втора титула.

Математиката е јасна, на Ферстапен за титула му треба да освои 6 бода повеќе од тимскиот колега Серхио Перез и 8 бода повеќе од Шарл Леклер од Ферари. Победа на трката со најбрз круг ќе значи сигурна титула за Ферстапен.

- Оглас -

Најнови вести