На патеката во Бахреин ќе се води битка за второто место

Луис Хамилтон кој ќе тргне од пол-позицијата, е голем фаворит за победа на денешната Формула 1 трка за големата награда на Бахреин која ќе се вози од 15.10 часот на патеката Шакир. Британскиот пилот кој годинава ја освои седмата титула во кариерата, тешко дека може да биде загрозен, па ако не му се случи нешто непредвидено, а во тимот на Мерцедес ретко се случуваат малери, тогаш денеска поинтересна ќе биде битката за второто место.

Пилотите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Александер Албон, ќе тргнат од вториот ред и ќе се обидат да ги загрозат Мерцедесите, особено Валтери Ботас, кој ќе биде покрај Хамилтон. Шансите на Ферстапен да биде втор се реални, тоа се виде и на вчерашните квалификации, а и според квотите во Sport Life (ист е коефициентот за победа на Ботас и Ферстапен) можно е Холанѓанецот да спречи „еден-два“ триумф на Мерцедес.

Ако планирате да типувате на дуел Ферстапен-Ботас, тука според квотите фаворит е Ферстапен.

- Оглас -

Најнови вести