На Паурич му останаа уште дуелите со Македонија и Ерменија, по 6 години се збогува со Лихтенштајн

Рене Паурич ќе ѝ каже збогум на репрезентацијата на Лихтенштајн по дуелите со Македонија на 16-ти ноември и три дена подоцна со Ерменија.

Австрискиот селектор на кормилото на малата земја одлучи да каже доста по шест години. Претпоследен предизвик за него ќе биде дуелот со нас, во Вадуц за два дена, а Лихтенштајн има само теоретски шанси да биде прв во групата.

На врвот моментно е Македонија и со победа можеме да му посакаме збогум на Паурич и да си обезбедиме пласман во полуфиналето во Сегментот Д на патот до настап на ЕП 2020 година.

„Се договоривме со Рене да ја завршиме соработката. Исклучително сме задоволни од него, а ќе биде вклучен во изборот на неговиот наследник“, вели Рудолф Марксер, првиот човек на Фудбалската федерација на Лихтенштајн.

Дуелот со Македонија ќе се игра на „Рajнпарк“ во Вадуц од 20.45 часот.

- Оглас -

Најнови вести