Напладне е чистата ждрепка за Лигата на шампионите, што значи бројот 14,29?

Денеска напладне осумте четвртфиналисти во фудбалската Лига на шампиони ќе ги дознаат своите противници за четвртфиналната фаза и потенцијално со кого би се сретнале во полуфиналето.

Ждрепката во Нион од 12 часот е чиста, нема никакви пречки, може да се падне секој со секого, па не би требало да се повтори огромниот гаф од претходниот пат, кога ждрепката беше повторена.

Бидејќи нема ограничувања дека некој не може да се падне со некого, математички шансите за сите се 14,29 проценти дека може да се паднат со кој било од потенцијаните седум противници.

Во трка за европската титула се Атлетико Мадрид, Баерн Минхен, Бенфика, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Реал Мадрид, и Вилјареал. Од овие осум тима, само Атлетико, Вилјареал и Сити никогаш не биле европски прваци.

Финалето на ЛШ ќе се игра на „Стад де Франс“ во Париз на 28 мај.

- Оглас -

Најнови вести