На Покетино му е гајле за отказот, си доби „Бинго“

Маурисио Покетино од вечерва повеќе не е тренер на Тотенхем. Аргентинскиот стратег пет години беше на чело на лондонскиот тим, но поради слабите резултати во тековната сезона, доби отказ. Аргентинецот дојде во Тотенхем во 2014 година и на клупата седеше вкупно на 293 меча.

Со Покетино на клупата, Тотенхем имаше 160 победи, 60 нерешени и 73 порази. Минатата сезона Тотенхем стигна до историско финале во Лигата на шампионите, но загуби од Ливерпул. Во првенството, Тотенхем заврши на четвртото место и повторно обезбеди место во Лигата на шампионите.

Сепак, сезонава по 12 одиграни меча во Премиер лигата, Тотенхем е на 14-тото место на табелата и тоа е главната причина за отказот на Покетино. Аргентинскиот тренер нема многу да жали за отказот, барем кога се во прашање финансиите. Покетино пред една година го продолжи договорот, и тоа на пет сезони. Тоа значи дека сопственикот на Тотенхем, Даниел Леви, ќе мора да му исплати на Покетико 15 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести