На полноќ истече најопасната клаузула која Меси ја имаше во договорот со Барселона

Најдобриот фудбалер во светот Лионел Меси има само уште една година од договорот со Барселона, а челниците на каталонскиот гигант се свесни дека мора брзо да реагираат за да не им се случи да го изгубат аргентинскиот виртуоз.  Меси во текот на целата клупска кариера ги има брането боите на Барселона, а постоеше опција во овие неколку денови да си замине од „Камп ноу“, и тоа како слободен играч.

Според клаузулата во договорот, Меси можел на крајот од сезоната да си замине и тоа без никакво обештетување. Сепак, пандемијата со корона-вирусот ги промени сите планови. Првенството во Шпанија кое требаше досега да биде завршено, но беше одложено поради опасниот вирус треба да продолжи за две недели. Фактот дека Меси воопшто не преговарал со некој друг клуб, покажува дека капитенот воопшто не ни размислува да си замине од Барселона.

Од ЕСПН потенцираат дека опасната клаузула за заминување на Меси од „Камп ноу“ без никакво обештетување е завршена на полноќ.

- Оглас -

Најнови вести