На половина од периодот за типување на Спортска прогноза, има изненадувачки проценти

Два дена поминаа од почетокот на типувањето за 22-рото коло на бесплатната Спортска прогноза која ја организираат Спорт Манија и Sport Life, останаа уште два (типувањето е отворено до сабота во 15 часот), па веќе се надзираат одредени фаворити на мнозинството прогнозери кои досега се изјасниле.

Интересно е што 71,3 отсто од играчите веруваат дека Евертон ќе го победи Брентфорд, а Пчелите од Лондон имаат серија од 12 меча без пораз во Премиер лигата, и имаат дури 16 бодови повеќе од Карамелите.

Унион Берлин беше во сериозна трка и за титулата до пред три кола во Бундеслигата, но почна да паѓа, и можеби тоа е причината што скромни 29,8 отсто веруваат во нивна победа над Волфсбург. Кај овој пар, поделеноста на прогнозерите е најголема, кец типувале 35,4, а за нерешено 34,7 проценти.

Основна цел на секој играч е да ги погоди сите 13 парови во понудата. Со перфектна низа од 13 погодени парови, прогнозерот може да си одбере еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, X Box Series X). За 12 погодени следува ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а за 11 погодени ваучерот е 500 денари.

Спортска прогноза е бесплатна игра, ништо не се губи, а може да се добие, и затоа вреди да се одигра. Вклучете се ако досега не сте го сториле тоа.

- Оглас -

Најнови вести