На повидок големо изненадување во Лигата на нациите

По четири меча во Група 3 од Сегментот Ц во Лигата на нациите, селекцијата на Казахстан е лидер со 10 бода. Казахстан има четири бода повеќе од второпласираната Словачка и во последните две кола е со големи шанси да остане на лидерската позиција, а со тоа да обезбеди позиција која води во плејофот за пласман на Европското првенство во 2024 година.

Казахстан во оваа група влезе од четвртиот барабан и требаше да биде апсолутен аутсајдер во група со Словачка, Азербејџан и Белорусија, но на теренот ситуацијата беше поинаква.

Во првото коло Казахстан со 2:0 го победи Азербејџан, а потоа на гости со 1:0 славеше над фаворизираната Словачка. Во третото коло Казахстан одигра 1:1 на гости кај Белорусија, а денеска уште еднаш ја победи Словачка, овојпат со 2:1 и се зацврсти на првото место во групата. Во последните две кола на Казахстан доволно му е една победа (гостува кај Азербејџан и дома игра против Белорусија) за да биде прв на крајот.

 

- Оглас -

Најнови вести