На Рајо не му годи играњето во Мадрид, првиот гол во мрежата на Столе беше дело на Муриќи (Видео)

Рајо Валјекано после четирите бода кои ги освои во првите две кола на гостувањата во Каталонија кај Барселона и Еспањол, на првиот свој меч на „Валјекас“ загуби од Мајорка со 0-2.

Столе Димитриевски не примаше гол на гостувањата, но на свој терен, беше совладан уште по 14 минути игра. Ведат Муриќи беше првиот фудбалер кој сезонава му даде гол на Димитриевски. Потоа и Кореецот Канг ин Ли ја затресе мрежата на Рајо за 2-0.

Рајо Валјекано дома не победил од 2 февруари наваму, тогаш против Мајорка во купот, а во Ла Лига, не славеле дома уште од 18-ти декември минатата година.

- Оглас -

Најнови вести