На Рамос ќе му треба време да се навикне дека повеќе не е Крал, туку Светец

Француските медиуми тврдат дека управата на ПСЖ успеа да постигне договор со агентот на Серхио Рамос околу двегодишна соработка.

Во наредните денови Рамос треба да отпатува за Париз, каде што го чекаат медицински прегледи и потоа да го стави потписот на договорот според кој веројатно ќе заработува 12 милиони евра по сезона, плата колкава што бараше од Реал, но не ја доби.

Шпанскиот ветеран пред две недели се раздели со Кралевите по 16-годишна успешна соработка, а во меѓувреме добиваше понуди од неколку италијански гиганти, како и Манчестер сити, меѓутоа се одлучи да стане Светец.

Во меѓувреме, францускиот вицешампион треба да ги претстави Џиџи Донарума и Ашраф Хакими како нови засилувања, додека клубот е блиску да постигне договор со Евертон околу нова позајмица на Мојзе Кен и иден откуп на италијанскиот напаѓач за сума од 35 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести