На Реал му фали само Меси за неповторлив рекорд во Лигата на шампионите

Карим Бензема со погодоците против Галатасарај ги надмина Алфредо ди Стефано и Руд ван Нистелрој на вечната листа на стрелците во Лигата на шампионите, на која на првите пет места има четворица актуелни или поранешни членови на Реал Мадрид.

Лионел Меси, кој е втор зад Кристијано Роналдо, е „црната овца“ во ова елитно друштво на топ-5 голгетери и само тој не играл за Реал, а нема ни да игра.

Бензема 15 сезони по ред дава гол во ЛШ (таква серија има само уште Меси), а го надмина легендарниот Ди Стефано според головите постигнати во дресот на најтрофејниот европски клуб на европска сцена.

Неколку рекорди урна и младиот Родриго. Тој е најмладиот Бразилец кој дал гол во ЛШ, убедливо најмлад играч со перфектен хет-трик (по еден гол со лева, со десна нога и со глава), а втор најмлад зад Раул што направил хет-трик во елитното натпреварување. Тој првите два гола ги даде за 6 минути и 14 секунди, што е најбрзо во историјата.

 

- Оглас -

Најнови вести