На Реал му тргна со Солари

Реал Мадрид стигна до втората победа во низа под водство на новиот тренер, Сантијаго Солари, откако со 2-0 на „Сантијаго Бернабеу“ го совладаа Валјадолид. „Кралевите“ дури во последните 10 минути од средбата ги осигураа трите бода.

Десетина минути по влегувањето на Винисиус, младиот Бразилец изгради простор за удар, а одбиената топка од одбранбениот играч на гостите заврши во мрежата во 83-тата минута, додека Рамос беше прецизен од белата точка во 88-та минута од мечот.

Со петтиот овосезонски триумф во Ла Лига, Реал Мадрид по 11 натпревари се наоѓаат на шестото место со 17 освоени бодови.

https://www.dailymotion.com/video/x6wmb9p

https://www.dailymotion.com/video/x6wmbm2

- Оглас -

Најнови вести