На Роналдињо повторно му се заканува затвор, овојпат поради измама со криптовалути

Поранешниот бразилски фудбалер Роналдињо се соочува со затворска казна. Бразилските и италијанските медиуми пишуваат дека Роналдињо и неговиот брат се обвинети за измама со криптовалути, со која одреден број луѓе останале без пари.

Имено, Роналдињо и неговиот брат преку фирмата „18К“ наведувале луѓе да уплаќаат по 30 долари и да купуваат криптовалути и им гарантирале дека ќе имаат заработка.

Бразилското обвинителство бара Роналдињо и неговиот брат да платат отштета дури од 61,2 милиони долари на измамените луѓе.

Ова не е првпат Роналдињо да има проблеми со законот, пред три години извесно време помина во затвор во Парагвај бидејќи со лажен пасош се обидел да влезе во земјата.

- Оглас -

Најнови вести