На Невеш му здосади едно исто прашање: Кој не би играл за Барселона? Па сите сакаат да настапуваат за гигант на „Камп ноу“

Португалскиот репрезентативец Рубен Невеш постојано е актуелен на Пиринеите и во Шпанија и во Португалија со можен трансфер во Барселона, а конечно и одговори дали би играл за гигантот.

„Па нема кој не би сакал да игра за Барселона. Мислам дека сите играчи коишто можат да бидат членови на таков гигант веднаш би дошле. Се работи за еден од најголемите клубови на светот, со храм на фудбалот каков што е ‘Камп ноу’ и што ви треба повеќе. Нормално дека ми годи тоа што некако постојано се пишува за мој трансфер во Барселона. Ќе видиме што ќе биде“, изјави Невеш.

Португалецот има 25 години и е во врвот на светскиот фудбал кога се работи за играчи од средниот ред, а особено голем квалитет му е што знае да игра во два правци.

Досега настапуваше за два клуба, Порто и сега во Вулверхемптон, а Барса најави дека е заинтересирана за негов ангжаман по Светското првенство во Катар, односно во зимскиот преоден рок.

 

- Оглас -

Најнови вести