На сѐ се навикнавме, еднаш испаднавме поради повеќе жолти картони – Македонија води против Андора, ќе биде ли победата само за утеха?

Младите македонски репрезентативци на возраст до 17 години водат против Андора со 2:0 по првото полувреме, но чудни работи се случуваат на вториот меч меѓу Полска и Република Ирска, па моментно на 45 минути до завршување на комплетниот турнир, ќе бидеме трети, позиција што не ни гарантира пласман понатаму во квалификациите за ЕП.

Со двата гола на Зани Назифи, Македонија има убава предност против Андора, но и Полска води со 2:1 против домаќинот на претквалификацискиот турнир за ЕП.

Ако остане вака и ако победат и Македонија и Полска, ние ќе бидеме третопласирани, а Полска и Република Ирска ќе обезбедат настап во следниот круг, односно во главните квалификации за ЕП.

Македонија би била третопласирана во групата и ќе чека разврска во сите останати групи за да биде меѓу најдобрите третопласирани селекции кои би добиле шанса да играат во квалификациите.

За евентуално второ место ни треба пресврт на Република Ирска против Полјаците, што е тешка мисија, па сценариото да одиме директно во квалификациите изгледа невозможно пред одигрувањето на последните две полувремиња во групата.

Моментно Полска има 7 бода, Република Ирска шест, Македонија 4 и Андора е без бодови.

Во ваква ситуација бевме пред два претквалификациски циклуси кога испаднавме на најчудниот можен начин, поради повеќе жолти картони од ривалите при распоредот на најдобрите третопласирани селекции.

 

- Оглас -

Најнови вести