На Секулов му се погоди, тренер во Јувентус ќе му биде Андреа Пирло

Андреа Пирло прифати да биде тренер на втората екипа на Јувентус, а тоа може многу да му значи на Никола Секулов, нашинец кој е роден во Пјаченца и е член на Старата дама.

Секулов од идната сезона би требало да игра за составот на Јувентус за играчи до 23 години, а ако биде префрлен од јуниорскиот тим во втората екипа на Старата дама, што е реален епилог, тогаш тренер ќе му биде легендата на италијанскиот фудбал.

Пирло ќе го замени Фабио Пекија, кој е уште еден поранешен познат играч на Старата дама. Во Јувентус се надеваат дека Пирло може наскоро да биде и шеф на стручниот штаб на првата екипа и затоа и му понудија да се кали и да се усовршува во вториот тим.

Секулов има 18 години и е еден од најталентираните играчи на Јуве во екипата за фудбалери до 19 години. Роден е во Пјаченца, а обидот на ФФМ да го убеди да игра за Македонија не успеа. Настапуваше и за нас во младинските категории и за Италија, селекција за која ќе продолжи да игра ако добива повици од селекторите на Аѕурите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести