Иако Манчестер сити во последните неколку години помина низ смена на генерации, заминувањето на Пеп Гвардиола од менаџерската функција ќе предизвика дополнителни големи промени.
Гвардиола најави дека на крајот од сезоната ќе ја напушти клупата на Граѓаните, а заедно со него клубот ќе го напуштат и петмина фудбалери.
Гвардиола веќе се поврзува со Реал Мадрид и сè поизвесно е дека таму ќе ја продолжи кариерата, а пред заминување од „Етихад“ се и Тијани Рајндерс, Омар Мармуш, Фил Фоден и Џејмс Трафорд.
Рајндерс моментално е најблиску до Јувентус, Мармуш до Барселона, додека за Фоден интерес покажува Баерн Минхен.
Најмалку значајно би било заминувањето на Трафорд бидејќи станува збор за резервен голман, а за него интерес има од Брајтон.
Сити веќе постигна договор со Енцо Мареска и тој ќе биде наследник на Гвардиола, а очигледно е дека тоа ќе донесе огромни промени во клубот кој последните петнаесетина години доминира во англискиот фудбал.

