На шест од седумте меча во Евро квалификациите имаше од 2-3 гола

Возбудувањата во квалфикациите за Европското првенство 2024 година продолжија со седум дуела вечерва. Тоа што е интересно за овие дуели е дека на шест од нив на крајот завршија со играта 2-3 погодоци, а само на средбата Велс – Летонија имаше еден гол, и тоа во мрежата на гостите.

Грузија и Норвешка одиграа 1:1, колку што заврши и дуелот во Приштина меѓу Косово и Андора. Романија со 2:1 славеше над Белорусија и тоа беа трите средби кои вечерва завршија со гол-гол комбинација.

На остакатите дуели само една од екипите погодуваа. Шкотска со 2:0 ја победи Шпанија, Швајцарија без мака со 3:0 славеше над Израел, а Хрватска беше единствената која вечерва се радуваше на гости, и тоа во Бурса против Турција со 2:0.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести