На Соријано му е омилена Парма, па затоа и ја закова на дното

Болоња со убедливи 4-1 триумфираше против Парма за освојување на првите три бода во Серија А. Тимот на Синиша Михајловиќ се поправи по поразот од Милан во премиерното коло со помош на расположениот Роберто Соријано.

Соријано со два гола само по половина час ги стави домаќините во поволна позиција, по што Болоња имаше и 3-0 по 56 минути игра преку Сков Олсен. Ернани постигна почесен гол за гостите во 67-мата минута, кои пак завршија со 10 играчи на теренот по црвениот картон на Јакопони.

Шлаг на тортата беше погодокот на Паласио во самиот финиш, со кој ги разреши дилемите ако воопшто постоеја во тие моменти.

Парма сè уште трага по првите бодови во Серија А по две кола, додека Болоња има три бода по два натпревари.

 

 

- Оглас -

Најнови вести