На СП во атлетика во Доха почнува примената на технолошкото чудо

Главниот град на Катар, Доха, од денеска до 6 октомври ќе биде местото каде што ќе се одвива 17-тото Светско првенство во атлетика, а овој настан ќе биде поразличен од сите претходни поради новините на стадионот Калифа.

Бидејќи температурата во Катар е многу висока (и ноќе е над 30 степени), а влажноста е околу 80 проценти, атлетичарите (ќе ги има околу 2.000 од 210 земји) ќе имаат голем проблем.

За да им се олесни работата, организаторите вградија клима уреди на стадионот и најавата е дека благодарение на климатизацијата, само за неколку минути температурата ќе биде пријатна, 25 степени, а може да се спушти и до 17 степени.

Доцна вечерва ќе се трча женскиот маратон, а за условите да бидат колку-толку подносливи, организаторите донесоа две одлуки. Првата е маратонот да почне на полноќ, кога не е пеколно топло, и втората е маратонците да имаат убав преглед, патеката ќе биде покрај морето, а според еден познат туристички сајт, кејот во Доха е прогласен за најубав на светот за 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести