На спектакуларна голеада во Тирана паднаа девет гола, три постигнаа играчи од Македонија (Видео)

Влазнија го победи Динамо Тирана со 6-3 во неверојатно ефикасен натпревар од албанската Суперлига, а од деветте погодоци, три беа дело на македонски фудбалери.

Некогашниот репрезентативец Агим Ибраими рано го доведе Динамо во водство од 1-0, а до крајот на првото полувреме, Влазнија направи пресврт и водеше со 2-1. Еден од двата гола за Влазнија во првото полувреме го постигна Фахрудин Ѓурѓевиќ, фудбалер кој е „дете“ на Македонија Ѓорче Петров, а во минатата сезона играше за Работнички.

При 3-1 за Влазнија, Ибраими даде уште еден гол, овојпат од пенал. Но во финишот, домашните го докусурија противникот и победија со спектакуларни 6-3. Во Динамо, освен Ибраими, играат уште тројца со македонски пасоши: Исаевски, Силјановски и Малиќи. Ова е прв пораз за Динамо, кој во првите четири кола имаше три ремија и една победа. Влазнија е втора со 9 бода.

Ова е голот на Ибраими со којшто се отвори голеадата:

- Оглас -

Најнови вести