На стадион сакал да влезе со алигатор кој му бил емоционална поддршка (Видео)

Неверојатна сцена се случи пред мечот од бејзбол МЛБ лигата во САД меѓу Филаделфија и Питсбург. Домаќините победија со 3:2, а еден навивач не успеа да влезе на трибините, затоа што со себе имаше понесено алигатор!

Мечот се одржа на „Ситизен банк арената“ во Филаделфија, а навивачот кој не доби дозвола за влез, со себе го понел миленикот алигатор.

Редарите најпрво помислиле дека с работи за некоја шега, но Џои Хенри кој е газда на алигаторот бил сериозен во намерата да влезе на трибините заедно со својот миленик.

Алигаторот кој се вика Вајли е многу популарен на Тик-тик, каде има повеќе од 100.000 следбеници.

„Никогаш претходно немав видено алигатор кој нема да сака да те гризне. Ако си играте со неговата глава, инстиктивно ќе сака да ве касне. Вајли тоа не го прави. Може да го галите по главата, дури и да го фаќате за јазикот, а тој нема да ја затвори устата и да ве гризне. Понекогаш кога се чувствувам осамен тој доаѓа и е тука за мене“, објаснува Хенри кој е газда на алигаторот.

- Оглас -

Најнови вести