На стартот на ЕП, против Словенија ќе ни судат нивни комшии од Австрија

ЕХФ делегираше австриски судии со потекло од поранешна Југославија, за натпреварот од отворањето на Европското првенство во ракомет помеѓу Македонија и Словенија.

Радојко Бркиќ и Андреј Јусуфхоџиќ се арбитрите кои ќе делат правда на мечот кој може да биде клучен за пласман во втората фаза.

Иако Австрија и Словенија се соседни земји, оваа судиска двојка е доволно искусна и квалитетна за да не си дозволи да „влече“ на страната на противникот на Македонија, па нашите ракометари треба да се фокусираат на тоа како да го изненадат фаворитот.

- Оглас -

Најнови вести