На терен беа најдобриот на светот, ѕвезди за кои се платени стотици милиони, а МВП на мечот беше Димитриевски!

Кога судијата отсвири крај на натпреварот Барселона – Рајо Валјекано, средба која заврши со изненадувачки 0-0, немаше дилеми дека за најдобар поединец треба да биде прогласен гостинскиот голман, Столе Димитриевски.

Каталонците упатија неколку шута во рамките на голот на Столе, но Македонецот ги одбрани сите. Барса даде два гола, додуша од офсајд позиција, па тие не се бројат.

Димитриевски ги излудува ѕвездите на Барселона веќе на трети натпревар по ред, нешто што ретко се гледа. Најпрвин во Мадрид не прими гол, кога му одбрани и пенал  на Мемфис Депај, а потоа направи подвиг кога на две гостувања по ред на најголемиот стадион во Европа, не прими гол.

Барселона има еден куп напаѓачи, предводени од големото и скапо засилување Роберт Левандовски (Златна копачка и најдобар на светот за минатата година според ФИФА), но тоа не беше доволно да се победи Рајо и да се совлада Димитриевски. Средбата траеше 103 минути, во првото полувреме се играа дополнителни пет минути, а судиското продолжение во вториот дел беше дури 8 минути.

Џабе и Левандовски, и Рафиња, и Обамејанг, и Ансу Фати, и Дембеле, и Педри, кога МВП на мечот синоќа беше „октоподот“ Столе.

- Оглас -

Најнови вести