На Тевес не му се оди во пензија во вакви услови

Карлос Тевес не сака да се прости од фудбалот во услови на пандемија и одлучи да ја одложи најавената пензија за уште една сезона.

Тевес ќе продолжи во Бока јуниорс, клуб за кој настапува од 2018 година и тим каде ја почна професионалната кариера во 2011 година.

Аргентинското првенство е прекинато, а старт на новата сезона се уште нема ниту во најава, иако од утре ќе им биде дозволено на играчите и на екипите да почнат со тренинзи.

Тевес ќе ја игра и 20-та сезона како професионален фудбалер, а веќе има 36 години и се подготвува за збогум. Играше за неколку европски и јужноамерикански гиганти од калибарот на Бока, Коринтијанс, Манчестер јунајтед и Манчестер сити и Јувентус, а настапуваше и за Вест Хем и за Шангај шенхуа.

Со Аргентина беше олимписки првак во 2004 година во Атина и има 76 настапи за Гаучосите со 13 постигнати голови.

- Оглас -

Најнови вести