На тренинг на англиската репрезентација се степаа играчи од Ливерпул и Сити

Ливерпул го победи Манчестер сити со 3:1 во неделното дерби од Премиер лигата, а по неполни 24 часа играчи од двата тима се приклучија на репрезентацијата на Англија. Дека страстите од клупскиот дуел не се спласнати, покажаа Рахим Стерлинг и Џо Гомес.

Напаѓачот на Сити и дефанзивецот на Ливерпул имаа расправија во неделата на „Енфилд роуд“, а само што се видоа на репрезентативниот тренинг во понеделникот, кавгата продолжила. За да нема поголем инцидент меѓу двајцата завојувани фудбалери, морало да реагираат и останатите репрезентативци.

Поради нарушување на атмосферата во тимот, селекторот Герет Саутгејт го суспендираше Стерлинг за дуелите против Црна Гора и Косово, додека Гомес засега се спаси од казна.

Англија дома игра со Црна Гора, а потоа ќе гостува кај Косово, во завршницата од квалификациите. Без разлика на исходот на тие два меча, Гордиот Албион сигурно ќе игра на завршницата на континенталниот собир.

 

- Оглас -

Најнови вести