На третолигашки меч во Лакташи се интонираше химната на ЛШ (Видео)

Низ балканските земји може да се сретнат секакви необични случаи на фудбалските терени, а еден таков беше и во босанското место Лакташи, каде што пред почетокот на меч од трета лига на Република Српска, на разгласот беше пуштена химната на Лигата на шампионите.

Можеби клубовите нема никогаш да учествуваат во ЛШ, но им беше направен амбиент како да се на големата сцена. Трештеше познатиот „Чемпионс“.

Текстот на химната е на германски, француски и англиски јазик: (Die Meister, die Besten, les grandes équipes, the champions!), љубители на фудбалот се ежат кога ја слушаат музиката, а меѓу нив веројатно се и во ФК Лакташи, кои гостите од Борац Памац ги пречекаа со песна која ги мотивира сите фудбалери.

Сепак, химната не беше доволна инспирација и мечот заврши 0-0.

Слушнете и видете како изгледа кога химната на ЛШ се интонира на селски терен во БиХ:

- Оглас -

Најнови вести