На триумфот на Леверкузен се израдуваа и Милионерите

Баер Леверкузен славеше со сигурни 3-1 против Ајнтрахт Франкфурт и му направи голема услуга на Дортмунд кој заостанува само еден бод зад Орлите во бундеслигашката трка за четвртото место и пласман во Лигата на шампионите.

Во дуелот на „Бај Арената“ се чекаше промена на резултатот дури до 70-тата минута, кога Бејли погоди за водство на Фармацевтите, а точно 10 минути подоцна Аларио зголеми на 2-0. Ајнтрахт за момент помисли дека ќе може да се врати во игра, Андре Силва намали на 2-1 во 90-тата минута, меѓутоа веќе во следниот напад Демирбај ги постави конечните 3-1 за 14-та овосезонска победа на Фармацевтите.

Ајнтрахт остана на 56 бода на четвртото место на табелата, Дортмунд им диши во врат на Орлите со бод помалку, додека Леверкузен е блиску да го осигура шестото место со кое ќе игра во дебитантската сезона во новото натпреварување на УЕФА, Европската лига на Конференции.

 

- Оглас -

Најнови вести