На Вардар му лежи улога на аутсајдер, за победа против Барса коефициентот е 6.25

Барселона – Вардар (18 часот)

Вардар долго немаше победа во меѓусебните дуели со Барселона, дури 10 пати не успеваше да ги совлада Каталонците, но го стори тоа кога беше најпотребно. Во полуфиналето на фајналфор турнирот во Лигата на шампионите пред две години со триумф од 26:25, „црвено-црните“ конечно го сопреа проклетството наречено „Барселона“, а потоа со триумф против ПСЖ во финалето го забележаа историскиот успех и станаа првиот машки македонски клуб со пехарот во Лигата на шампионите.

Некако и сега ситуацијата е слична, како и пред две години, бидејќи и тогаш Барселона беше голем фаворит, но Вардар славеше.

Двете екипи играа во иста група и Барса ги доби двата дуели убедливо, со 34:26 на домашен терен и со 30:26 во Скопје. Сепак фајналфорот во Келн е малку поинаков настан, се работи за два меча кои можат комплетно да ја свртат целата сезона, а и двете екипи се искусни и знаат како е да се игра за титула во ЛШ.

Коефициентот за победа на Вардар во специјалот на Sport Life е одличен и едноставно ве предизвикува да типувате на победа на македонскиот првак.

Предлог тип: 2 (6.25)

 

Тимур Дибиров (Барселона – Вардар, 18 часот)

Крилото на Вардар игра во одлична форма, а кога е така за него и не се премногу четири голови, па макар противник била и големата Барселона, која сезонава има дрим-тим и е фаворит за титулата во Лигата на шампионите.

Дибиров шестпати ја тресеше мрежата на Перес Де Варгас на мечот во Скопје, што Вардар го загуби со 26:30, па може да се очекува и денеска да биде ефикасен.

Од неговата ефикасност зависи и играта и успесите на Вардар, а кога Тимур е на ниво „црвено-црните“ бележат победи.

Ќе типуваме дека и денеска Дибиров ќе лета на теренот и ќе постигне најмалку 4 гола во второто полуфинале во Келн.

Предлог тип: Дибиров > 3.5 гола (1.70)

 

Стојанче Стоилов (Барселона – Вардар, 18 часот)

Пикерот на Вардар игра во животна форма, а уште една негова добра игра би можела да го носи Вардар до подвиг и денеска во Келн.

Досега во дуелите со Барселона тешко му оди во дуелите со дефанзивците на каталонскиот тим, а само еднаш на последните пет дуели Стоилов успеа да ја мине границата од 1.5 гол, колку што е денеска во специјалот за полуфиналето во Лигата на шампионите во обложувалниците на Sport Life.
Стоилов игра извонредно во последно време и ќе типуваме дека ќе успее барем двапати да ја затресе мрежата на одличните голмани на Барселона.

Предлог тип: Стоилов > 1.5 гол (1.87)

 

Алкоркон – Химнастик (19 часот)

На „Санто Доминго“ денеска ќе се игра ревијален меч без резултатско значење и за двете екипи. Алкоркон е безбеден во средината на табелата и не може ниту да испадне, ниту да игра плејоф за Ла Лига, а Химнастик е веќе отпишан и се сели во третата шпанска лига.

Поранешниот тим на Столе Димитриевски играше слабо сезонава во Сегунда и се сели во понизок ранг. Досега дури 9 од 11 меѓусебни дуели на овие две екипи завршуваа со 0-2 гола, но вечерва може да биде поинаку и многу поефикасно во меч што не им носи ништо и на двете екипие, освен бодови за престиж.

Предлог тип: 3+ (1.93)

 

Тотенхем – Ливерпул (21 часот)

Големото финале за пехарот во Лигата на шампионите ќе патува во Англија, а според коефициентите фаворит е Ливерпул. Екипа која имаше извонредна сезона, но сепак може да остане без ниту еден трофеј.

Избраниците на Јирген Клоп двапати сезонава го победија Тотенхем со по 2:1, што е добра најава дека и денеска може да биде ефикасно и со голови во двете мрежи.

Двете екипи си имаат убав историјат на ефикасни дуели, а и во овој момент имаат одлични офанзивци. Набил Кеита нема да игра за Ливерпул, а кај Тотенхем најголемата енигма е дали Хари Кејн ќе може да настапи.

Со него во тимот растат шансите на лондончани, кои играа скромно во финишот на сезоната и имаа пет порази на последните 8 меча, но и значаен подвиг против Ајакс во полуфиналето, кога за само едно полувреме од работ на елиминација стасаа до финалето во Лигата на шампионите.

Ливерпул забележа 13 победи на последните 14 натпревари, а и тие имаат со што да се гордеат по огромниот подвиг против Барселона. Во реванш поелуфиналето со спектакуларен настап ги декласираа Каталонците со 4:0 и ја анулираа негативата од 0:3 за пласман во големото финале во ЛШ.

Ако се почитува и традицијата која покажува дека на последните 8 финалиња во Лигата на шампионите двата тима даваа гол, може да се очекува нов ефикасен дуел и вечерва на „Ванда Метрполитано“ во Мадрид.

Предлог тип: 1+I&3+ (2.20) Квота на денот

 

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести