На запад ништо ново: Дончиќ со нова маестрална партија и победничка тројка ги реши Бостон Селтикс (ВИДЕО)

Лука Дончиќ уште еднаш е херојот на Далас Маверикс по којзнае кој пат.

Најдобриот кошаркар на овој тим погоди тројка за победа во супер интересниот натпревар против Бостон Селтикс, кој на крајот заврши со 107:104 во корист на тимот од Далас.

Лука, повторно одигра уште еден блескав натпревар за својот тим и беше најдобар стрелец со 33 коша, девет скока и пет асистенции, со што Далас дојде до шестата победа во западната конференција.

Исто така, супер интересен меч одиграа и Манами Хит и Јута Џез, а на крај победата од 118:115 замина кај домаќиниот.

Донован Митчел од редовите на „џезерите“ беше најефикасен со 37 коша, а кај победничкиот тим број еден беше Тајлер Хиро со уфрлени 27 коша.

Лос Анџелес Лејкерс, пак, убедливо беа поразени на гостувањето кај Портланд Трејлблејзерс (105:90). А една од многуте лоши причини за настап беше и отсуството на Леброј Џејмс поради повреда, како и очајниот шут на Расел Вестбрук од игра (еден кош од 13 обиди).

На другата страна, расположен за играње беше најдобриот играч на домаќините Демијан Лилард кој уфрли 25 поени зад своето име.

 

НБА

Денвер Нагетс – Хјустон Рокетс 95:94

Далас Маверикс – Бостон Селтикс 107:104

Портланд Трејблејзерс – ЛА Лејкерс 105:90

Мајами Хит – Јута Џез 118:115

Чикаго Булс – Филаделфија 76ерс 104:115

Феникс Санс – Атланта Хокс 121:117

 

- Оглас -

Најнови вести