На Западен Балкан има 21 навивачка група која се смета како хулиганска, а три се од Македонија

Фудбалот е најпопуларниот спорт во регионот, но хулиганизмот кој има и конекција со политиката, национализмот, насилството и организираниот криминал претставува голема опасност.

На Западен Балкан постојат 122 навивачки групи, од кои 78 се во категоријата на „Ултраси“, односно добро организирани здруженија, додека 21 се во категоријата на „Хулигани“ и преставуваат опасност за безбедноста. Ова е наведено во извештајот „Опасни игри“: фудбалски хулиганизам, политика и организиран криминал на Западен Балкан“.

Извештајот на Global Initiative against Transnational Organized Crime нуди преглед на организираните здруженија на фудбалски навивачи во регионот и ги идентификува разликите помеѓу ултрас фановите и хулиганите и ја опишува врската помеѓу овие групи и насилството, политиката и криминалот.

Според аналитичарите, меѓу навивачките групи кои претставуваат потенцијална опасност од Македонија се навивачките групи „Комити“, „Балисти“ и „Шверцери“. Од Србија тука се навивачките групи: „Делии“, „Гробари“, „Фирма“, „Јунајтед Форс“ и „Торцида Санџак“. Во Косово како хулигани се сметаат „Шќипонат“ и „Плисат“, додека од Албанија се „Ултрас Гуерилс“ и „Тирана Фанатикс“. Од Босна и Херцеговина како хулигани се категоризирани „Ултрас“, „Хорде зла“, „Лешинари“, „Манијаци“, „Ред Арми“ и „Шкрипаре“. Од Црна Гора како најопасни се навивачките групи „Стрит бојс“, „Варвари“ и „Војводи“, со што се финализира бројката од 21 навивачка група со префикс „Хулигани“.

Во ова истржување, од Македонија се набројани и навивачките групи „Лавови“ на Македонија ЃП, „Романтичари“ (Работнички), „Ајдуци“ (Беласица), „Лозари“ (Тиквеш), „Мајмуни“ (Победа), „Паткари“ (Караорман), „Чкембари“ (Пелистер), „Рибари“ (Охрид), „Војводи“ (Тетекс), „Фаланга“ (Брегалница) и „Кумани“ (Куманово). Овие 11 навивачки групи не се во групата на хулигански, туку Ултрас групи.

 

 

- Оглас -

Најнови вести