На Зидан деновите му се одбројани, нов тренер на Реал ќе биде шпанска легенда или Аргентинец

Дваta домашни порази по ред од тимови кои се неспоредливо послаби од Реал Мадрид според играчкиот кадар, го вклучија црвеното светло за аларм во клубот, и според шпанските медиуми, веќе почнале размислувања кој би бил нов тренер на Кралскиот клуб ако на Зинедин Зидан му биде даден отказ.

Најавите се дека иднината на Зидан како тренер на Реал ќе зависи од резултатите на Ел Класико против Барселона и потоа на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах. Евентуален тежок пораз на „Камп ноу“ може да значи заминување на Зизу уште в сабота.

Се шпекулира дека во клубот не се задоволни од Зидан, кој бараше да не се купуваат нови играчи, а се гледа дека екипата делува немотивирано и заморено. Пoкрај тоа, тука се повредите на Азар, Карвахал, Одегард, па и Рамос, кој не играше со Шахтар, но на Зидан најмногу му се замерува за одлуката да ги задржи Јовиќ, Марсело и Иско, кои се во катастрофална форма.

Игрите и резултатите не се како што очекуваа во Реал, па сметката можеби ќе ја плати францускиот стручњак.

Главен кандидат за преземање на тренерското место во Реал е Раул Гонзалес, еден од најдобрите фудбалери во историјата на клубот. Раул е тренер на Кастилја (Реал Мадрид Б), од каде што во последните години дојдоа и Зидан и Сантијаго Солари. Но, тука е и Маурисио Покетино, кој не крие дека еден ден сака да го преземе Реал.

Покетино е најзвучното име за Реал од оние тренери кои се без ангажман, но Раул, кој ја освои јуниорската Лига на шампиони пред некој месец, е фаворитот на претседателот Флорентино Перес.

- Оглас -

Најнови вести