Набрзо ќе биде во топ 10: Дончиќ со нов трипл-дабл надмина легенда на Бостон (видео)

Лука Дончиќ блесна во триумфот на Далас против Атланта со минимални 118:117. Словенечката ѕвезда заврши со 28 поени и по 10 скока и асистенции, што е негов 32-ри трипл-дабл учинок во кариерата, односно седми оваа сезона.

Дончиќ со тоа застана на 13-тото место на вечната листа во оваа категорија, надминувајќи го учинокот на легендата на Бостон селтикс, Џон Хавличек. За да влезе во топ 10, на Дончиќ му се потребни уште 12 меча со троен учинок, односно треба да го стигне Фет Левер, кој во кариерата застана на 43 тројни учиноци.

https://www.youtube.com/watch?v=nkO9c0li1o8

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести