Над 80 отсто од прогнозерите се сигурни дека Македонија ќе загуби од Австрија – што мислите вие? Играјте Спортска прогноза

Македонската фудбалска репрезентација уште има теоретски шанси за пласман на Европското првенство преку квалификациите, но речиси никој од играчите на Спортска прогноза не верува во такво сценарио. Македонија утре игра на гости кај Австрија и победа е потребна на избраниците на Игор Ангеловски за да остане во трка за второто место. Едвај 5 отсто од речиси 1.000 прогнозери досега, се надеваат на „двојка“ во Виена, додека преку 80 отсто се за победа на Австрија.

Во понудата за ова коло на Спортска има неколку „подароци“. Англија треба да слави во Приштина кај Косово, а над 90 отсто се прогнозите дека Германија У21 ќе победи против Белгија У21 и дека младите репрезентативци на Хрватска ќе се радуваat против Чешка.

Стандардно, главната премија во колото е  IPhone XS, кој се доделува за „Среќна 13-ка“, односно погодени сите 13 парови. Подароци има и за тие со 12 и 11 погодени, а се во облик на вредносни ваучери од 500 и 1.000 денари во Sport Life.

Затоа не се двоумете и испробајте ја среќата на репрезентативните дуели кои се доминантни во ова коло на Спортска прогноза.

- Оглас -

Најнови вести