15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Надал бара на Мастерсот во Мадрид да не игра во ист термин со Реал – Манчестер сити

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, кој е најуспешен во историјата по бројот на гренслем-титули и е еден од најпопуларните шпански спортисти, утре треба да го почне својот настап на Мастерсот во Мадрид и побара мечот да биде денски бидејќи вечерта сака да биде на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ и да навива за Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите против Манчестер сити.

„Рафа сака да игра преку ден бидејќи тогаш топчето повеќе отскокнува, а и сака да биде на стадион да го гледа Реал Мадрид, па испрати молба да не игра во вечерен термин“, изјави директорот на турнирот, Фелисијано Лопес.

Противник на Надал ќе му биде Кецмановиќ или Бублик.

- Оглас -

Најнови вести