Надал е голем спортсмен: Не сакав ваква победа, ми е жал за Саша, плачеше во соблекувалната (Видео+Фото)

Рафаел Надал ќе игра во финалето на Ролан Гарос за 14 титула во Париз, а вели дека му е жал за повредениот Александер Зверев, кој поради повреда на скочниот зглоб мораше да го предаде полуфиналниот меч.

Германскиот тенисер во обид да го врати топчето во финишот на вториот сет се лизна и го повреди скочниот зглоб. Веднаш беше јасно дека нема да продолжи и мораше да го предаде мечот во момент кога требаше да се игра и вториот тај-брејк во вториот сет.

Првиот го доби Надал со 10:8 во поени, а мечот беше спектакуларен до прекинот и неполни два сета се играа 3 часа и 7 минути.

„Не сакав да победам на ваков начин. Ми е жал за Саша, го видов како плаче во соблекувалната“, изјави Надал.

Зверев се врати на централниот терен на Ролан Гарос со помагала и објави дека го предава мечот поради повредата на скочниот зглоб.

- Оглас -

Најнови вести