Надал експресно го реши Хачанов и закажа финале со Циципас во Мубадала

Рафаел Надал е вториот финалист на егзибицискиот турнит во Абу Даби, откако го совлада Карен Хачанов по два сета со 6-1, 6-3. Светскиот рекет број 1 за точно час и половина го надигра рускиот тенисер, па закажа финале против Стефанос Циципас.

Шпанецот оствари по два брејка во двата сета, што беше доволно да ја демонстрира доминацијата и да слави по деветти пат против Хачанов во исто толку меѓусебни дуели.

Гркот претходно денеска со пресврт од 2-1 во сетови (3-6, 7-6, 6-4) беше подобар од Новак Ѓоковиќ.

Финалето е закажано за утре во 16 часот, а два часа пред тоа Ѓоковиќ и Хачанов ќе ги одмерат силите за третото место.

- Оглас -

Најнови вести