Надал: Федерер е најдобар, ама против Ѓоковиќ е најтешко

Чичкото и долгогодишен тренер на славниот шпански тенисер Рафаел Надал, Тони Надал, изјави дека Роџер Федерер е најдобар тенисер на денешницата, но дека за Надал потежок противник е Новак Ѓоковиќ.

Дебатата кој е најдобар во историјата трае извесно време, мислењата се поделени, а тројцата великани ги освоија последните 13 гренд-слем турнири. Најстариот Федерер во кариерата има 20, Надал е на 19, а Ѓоковиќ има 17, но во налет е и најмлад од нив, а победува и на сите подлоги.

„Федерер е фантастичен, сакам да го гледам. Да не сум чичко и тренер на Рафа, би сакал Роџер да ги освои сите турнири. Елегантен е, продуктивен. Тешко е да се каже дали е најдобар во историјата, но мислам дека е најдобар на денешницата. За нас, мечевите со Ѓоковиќ се потешки отколку тие со Федерер. Пред меч со Федерер имавме план како да победи, знаевме што треба да се направи. Со Новак никогаш не се знае однапред како ќе игра и каков ќе му биде пристапот“ – изјави Тони кој го тренираше Рафа до 2017 година.

Надал против Федерер има позитивен скор од 24-17, а против Ѓоковиќ има негативни 26-29.

- Оглас -

Најнови вести