Надал го направи своето, сега судбината му е во рацете на Медведев

Рафаел Надал го доби клучниот дуел против Стефанос Циципас за да си ги одржи шансите за пласман во полуфиналето на финалниот АТП шампионат. Првиот светски рекет со пресврт од 2-1 во сетови (6-7, 6-4, 7-5) го совлада грчкиот тенисер и сега ќе го чека исходот од последниот дуел меѓу Зверев и Медведев за да дознае дали сигурно ќе биде полуфиналист. За тоа да се случи, Надал ќе треба да навива за Русинот во дуелот против актуелниот бранител на пехарот во овој турнир.

Надал до клучниот триумф дојде со само два брејка, кои ги оствари во најважните моменти од средбата против Циципас. Шпанецот прво украде гем за 5-4 во вториот сет, а потоа истото го направи и во одличувачкиот сет и се најде во позиција да сервира за победата.

Воедно, Надал го потврди првото место на АТП листата за 2019 година, а за тоа доби помош и од Роџер Федерер кој вчера го совлада Новак Ѓоковиќ по два сета.

 

- Оглас -

Најнови вести