Надал преживеа тениска драма против Гофан и најави спектакуларен дуел со својот наследник

Рафаел Надал неочекувано тешко го победи Давид Гофан со 6:3, 5:7, 7:6 (11:9) и најави спектакуларен четвртфинален дуел со тенисерот што го сметаат за негов наследник.

Секако, се работи за шпанската тениска сензација Карлос Алкараз, кој има само 19 години и многу потсетува на Надал.

Има само еден услов за мегаспектакл и четвртфинале меѓу Надал и Алкараз во Мадрид, а тоа е шпанскиот тенисер да го победи Камерун Нори, што нема да биде лесна задача.

Тој меч е закажан за вечерва од 20 часот, а победникот ќе игра со Надал за полуфинале.

Надал вечерва преживеа тениска драма, а беше на прагот и на победа, но и на пораз.

По првиот сет што го доби со 6:3, имаше предност од 5:3 и меч-топка, а потоа сервираше за меч во следниот гем и повторно не искористи меч-топка, па го загуби сервисот и потоа го загуби и сетот со 5:7.

Гофан доби крилја, одлично му парираше на фаворитот и стигна до тајбрејк во решавачкиот сет и до две меч-топки со предност од 6:4 во поени. Му требаше само уште еден поен за голема победа против Надал, но не успеа.

Шпанецот израмни на 6:6, потоа Гофан повторно имаше и меч-топка, трета во тајбрејкот, но Надал на чудесен начин се извлече и победи со 11:9 во тајбрејкот за конечен триумф од 2:1 во сетови.

Во четвртфиналето покрај Надал, е и вториот голем фаворит за титулата Новак Ѓоковиќ, кој имаше слободен ден, откако Енди Мари му го предаде без борба осминафиналниот меч, а објавено е дека причината е труење со храна на тенисерот од Шкотска.

Новак ќе игра со Хуберт Хуркач од Полска, четвртфиналист веќе е и Андреј Рубљов по победата од 2:0 против Еванс.

Рускиот тенисер ќе игра во четвртфиналето против Стефанос Циципас, кој го победи Григор Димитров со 2:0.

 

- Оглас -

Најнови вести