Надал го преслуша Раониќ, тимот на Европа води 7-3 во Лејвер купот

Рафаел Надал го совлада Милош Раониќ по два сета со 6-3, 7-6, за четврта победа на тимот Европа против тимот Свет во Лејвер купот. Шпанецот го доведе својот тим до водство од 7-4 во севкупниот учинок досега, откако мораше да се помачи во финишот од средбата и со тајбрејк да ја запише потребната победа.

Надал со два брејка го освои првиот сет иако се најде во негатива од 3-2, а откако се најде во слична ситуација и во вториот сет, уште еднаш му едзеде гем на сервис на Раониќ. Канадскиот тенисер се разигра во моменти кога речиси беше невозможно да изнуди изненадување, но го натера Надал да се игра тајбрејк, а потоа вториот светски рекет со 7-1 и по втората меч топка ги разреши дилемите.

- Оглас -

Најнови вести