Надал го сруши рекордот на Федерер!

Рафаел Надал вечерва ќе игра против Фабио Фоњини во четвртфиналето од АТП Мастерс турнирот во Монтреал.  Шпанскиот тенисер синоќа славеше против Гуидо Пела од Аргентина и стигна до 379-тата победа на турнирите од Мастерс 1000 серијата. Со оваа победа, Надал го надмина Роџер Федерер, кој досега беше рекордер по бројот на победи на АТП Мастерс 1000.

Рафа е фаворит и против Фоњини што би било негова 380-та победа. Шпанецот е рекордер по бројот на освоени титули на Мастерс 1000 серијата. Тој има вкупно 34 трофеи на овие турнири. Втор е Новак Ѓоковиќ со 33 титули, а Федерер има 28 титули.

Освен дуелот Надал – Фоњини, вечерва играат и Медведев – Тим, Хачанов – Зверев и Монфилс – Баутиста. Понудата за обложување од сите овие дуели може да ја пронајдете на Sport Life обложувалниците. 

 

- Оглас -

Најнови вести