Рафаел Надал доживеа елиминација во осминафиналето на Отвореното првенство на САД од Францис Тијафое.
Дваесет и четиригодишниот Американец со 3:1 во сетови беше подобар од Шпанецот којшто атакуваше на 23-тата гренслем-титула. Надал по крајот на средбата му честиташе на противникот, но и даде интересна изјава.
„Во оваа фаза мораш да играш на највисоко ниво, а јас не бев на тоа, додека противникот беше многу подобар и му честитам на победата.
Времето минува, не можеме јас или Новак да бидеме вечно први и тоа е нормално. Има одлични млади тенисери кои штосе ‘гладни’ за победи“, изјави Рафа.