Надал и Ѓоковиќ по кратка постапка во четврт-финале

За разлика од Роџер Федерер, кој се мачеше, осминафиналната рунда на турнирот во Рим не беше проблем за Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Светскиот рекет број 1 експресно, за 61 минута го елиминираше Филип Колшрајбер со 6-3, 6-0, додека вториот фаворит Надал беше уште поубедлив и го разби Грузиецот Басилашвили со 6-1, 6-0. Во Рим се играше по забрзан ритам, дождот вчера направи проблем и одложувања, па денеска сите имаа по два настапи.

Во четврт-финалето Надал ќе игра со сонародникот Фернандо Вердаско, додека Ѓоковиќ ќе се сретне со седмиот носител Хуан Мартин дел Потро.

- Оглас -

Најнови вести