Надал и Зверев последни четвртфиналисти на ОП на Австралија

Рафаел Надал се пласираше во четврфиналната рунда од ОП на Австралија откако беше подобар од Ник Кирјос со 3-1 во сетови (6-3, 3-6, 7-6, 7-6). Првиот светски рекет наиде на прилично тежок противник во домаќинот, па му беа потребни три часа и 42 минути да ја оствари посакуваната победа.

Надал ги освои клучните сетови преку тајбрејк откако Кирјос беше мотивиран да приреди изненадување во Мелбурн. Шпанецот во четвртфиналето ќе ги одмери силите со Доминик Тим.

Неколку минути претходно, во следната фаза се пласираше и Александр Зверев. Германецот лесно го совлада рускиот претставник Андеј Рубљев со 3-0 во сетови (6-4, 6-4, 6-4), па на тој начин закажа четвртфинална пресметка против Стен Вавринка.

Четвртфинални парови на ОП на Австралија:

Р. Надал – Д. Тим, А. Зверев – С. Вавринка, Т. Сандгрен – Р. Федерер, Н. Ѓоковиќ – М. Раониќ.

- Оглас -

Најнови вести