Надал има причини да не навива ни за Ѓоковиќ, ни за Федерер

Доколку Роџер Федерер го совлада Новак Ѓоковиќ во утрешното финале на тенискиот гренд-слем турнир Вимблдон, швајцарскиот ветеран не само што ќе го подобри рекордот на освоени гренд-слем турнири и ќе дојде до деветта титула на тревнатите терени во Лондон, туку и ќе се искачи на втората позиција на АТП листата.

Во моментов, убедлив лидер е Србинот Ѓоковиќ, а втор светски рекет е Рафаел Надал, додека Федерер е третопласиран. Разликата помеѓу Надал и Федерер е 485 поени.

Но, од друга страна, Надал е прв на АТП трката во која се сметаат резултатите само од 2019 година, и веќе нема да биде лидер доколку победи Ѓоковиќ.

- Оглас -

Најнови вести